Број на текстови објавени денес: 13

Странците повлекле 22,6 милиони евра од инвестициите во земјава

%d0%b8%d0%bd%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%8210

Странските инвестиори во септември повлекле 22,6 милиони евра од нивните фирми во земјава, покажуваат податоците на Народната банка.

Ова е три пати повисок одлив на капитал од земјава од оној кој беше регистриран во јуни кога беа повлечени 7,7 милиони евра.

Споредбидте направени со истиот месец лани покажуваат дека годинава странците повлекле двојно повеќе пари од лани кога во септември имаше одлив на капитал кон странство од 10 милиони евра.

Највисоко негативно салдо во септември е забележано од инвеститорите од Бермуди, каде што се одлеани 8,5 милиони евра.Холандија има втор најголем износ на повлечени средства,вкупно 6 милони евра, додека пак романските инвеститори повлекле 3,2 милиони евра.

По дејности, најмногу пари од земјава,  над 22 милиони евра, кон матичните земји излегле од индустријата за производство на прехранбени производи, пијалоци и тутун и трговијата на големо освен возила и мотроцикли.

Според податоците на НБРМ, во периодот јануари-септември регистрирани се 199 милиони евра странски директни инвестиции.

Ланската година Македонија ја заврши со 216 милиони евра странски директни инвестиции.