Број на текстови објавени денес: 46

Стинг ја отвора „Батаклан“ ден воочи годишнината од терористичкиот масакр во Париз

sting-bataklan

Концертната сала „Батаклан“ во Париз ќе биде повторно отворена на 12 ноември, ден воочи годишнината од терористичкиот напад во кој во таа сала загинаа 90 луѓе, а во таа прилика британската рок-ѕвезда Стинг ќе одржи концерт, најави денеска сопственикот на салата, јаи АФП.

Стинг ја потврди најавата дека ќе одржи концерт во „Батаклан“ по тој повод.

– Повторно отворајќи го „Батаклан“, имаме две важни задачи. Прво, да се присетиме на оние коишто ги загубија животите во нападот пред една година и да им оддадеме почит, а второ – да го славиме животот и музиката кои овој историски театар ги претставува – порачал Стин на својот вебсајт.