Број на текстови објавени денес: 0

Статуа стара 300 години е нова жртва на „селфи манијата“ ФОТО

statua-1

Дека луѓето навистина треба да се конторлираат во желбата за правење селфи, зборува и потегот на бразилски турист, кој, обидувајќи се да се слика себе си во музеј, бутнал статуа стара повеќе од 300 години. Уметничкото дело за кое станува збор е статуата на Свети Михајло во Националниот музеј на уметноста во Лисабон. Во текот на викендот, кога влезот е бесплатен, бразилскиот турист се обидел да направи селфи и, додека се местел за што подобар кадар, по грешка ја урнал скулптурата на под.

За жал, статуата е толку оштетена што не може да се поправи. Нуњо Мигел Родригез присуствувал на сцената што се случила и снимил неколку фотографии, што потоа ги објавил на социјалните мрежи. Заменик директорот на музејот, Хозе Сеабра Карвањо рекол дека не се сеќава дека кога било се случило вакво нешто, а многу години работи во таа установа.