Број на текстови објавени денес: 70

Стабилна состојбата на Есма Реџепова

esma-redzepova-lecenje-foto-dragana-udovicic-1439340087-718351

Веста што се појави денеска по македонските портали дека кралицата на ромската песна, Есма Реџепова-Теодосиева е хоспитализирана во тешка здравствена состојба, предизвика вознемиреност во јавноста. Во меѓувреме, се појавија и нови детали за здравствената состојба на Есма.

Нејзината состојба набрзо е стабилизирана и таа веќе се чувствува подобро, но заради превенција и можност за побрза интервенција до конечната стабилизација сè уште е во болница.

– Навистина, Есма имаше извесна здравствена криза, поврзана со функцијата на белите дробови. Како што нè информираа лекарите, се работи за од порано недолекувани бронхопневмонии. Но, по лекарската интервенција, Есма брзо се стабилизираше и сега се чувствува многу подобро. Се надеваме и очекуваме нејзината здравствена состојба и понатаму да се подобрува“, изјави нејзината пријателка и човек за односи со јавноста – Зорана Костова, пренесе порталот „Република“.