Број на текстови објавени денес: 17

Средба Заев-Зулуета: Промените ќе се случат на регуларни избори на 11 декември!

%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2-%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%98%d1%85%d1%80

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски денеска се сретна со шефицата на набљудувачката мисија ОБСЕ/ОДИХР, Тана де Зулуета.

На средбата станало збор за неопходноста од одржување на фер и демократски избори на 11 декември како и за важната улога што набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ја има во мониторингот и оценката за предизборниот и изборниот процес.

– Промените во земјава ќе се случат на 11 декември преку регуларни и фер избори. Важно е до крај да се обезбедат сите услови за да можат граѓаните слободно да ја изразат својата волја. СДСМ и коалицијата со граѓаните се решени на 11 демекври да ги вратат демократските институциии и да ја придвижат земјата напред – изјавил Заев.

Претставниците на ОБСЕ/ОДИХР најавија дека ќе продолжат будно да го следат предизборниот и изборниот процес. Заеднички е изразена согласност дека на 11 декември мора да се случат фер и регуларни избори.