Број на текстови објавени денес: 10

Спречен нов терористички напад во Франција

francija-terorizam1

Со антитерористичката операција спорведена во ноќта меѓу саботата и неделата во Стразбур и Марсеј, спречен е нов терористички напад, соопшти денеска францускиот министер за надворешни работи Бернар Казнев.

Како што јави дописникот на МИА, во операцијата спроведена во Стразбур и Марсеј се уапсени вкупно седум лица на возраст од 29 до 37 години со француско, мароканско и авганистанско државјанство.

– Тие се уапсени за време на операцијата спроведена како дел од истрагата спроведена од антитеростичкото обвинителство, која се води повеќе од осум месеци – рече Казнев.

Шестмина од нив досега им биле непознати на француските разузнувачи, додека за дејствувањето на Мароканецот им било сигнализирано од земја-партнер.

– Завршната работа на Дирекцијата за внатрешна безбедност помогна да се спречи долго планираниот терористички акт врз нашата земја – рече министерот, поздравувајќи ја оваа „примерна и неверојатно ефикасна акција“.

Првата серија апсења на пет лица поврзани со истата мрежа се случи на 14 јуни 2016 година, неколку дена по почетокот на Европското фудбалско првенство, објасни министерот. По оваа прва операција, две од пет лица беа притворени.

Истрагата, спроведена од јавниот обвинител од Париз ќе се обиде да ги утврди улогите на уапсените и дали нападот кој бил спречен, требало да биде координиран и истовремен на неколку места на француската територијата.