Број на текстови објавени денес: 10

Според анкетите поранешниот воен пилот Радев е новиот претседател на Бугарија

download-2391

Кандидатската двојка на опозицијата Румен Радев – Илијана Јотова победи во вториот круг на претседателските избори во Бугарија.

Ова го покажуваат сите излезните анкети, објавени по завршувањето на изборниот ден во 20 часот.

Со тоа, Радев ќе стане станува петтиот претседател на Бугарија по падот на комунизмот, а Јотова, која досега беше европратеник од редовите на Бугарската социјалистичка партија (БСП), ќе биде негов потпретседател.

Победата на Радев и Јотова над кандидатите на владејачката ГЕРБ Цецка Цачева – Пламен Манушев е неоспорна.

Според различни податоци, резултатот на опозициската двојка варира меѓу 58,4-58,9 отсто, додека Цачева и Манушев се со резултат од 35,6 – 36,3 проценти.

За опцијата „Не поддржувам никого” гласале меѓу 5,3 – 5,5 отсто од избирачите.