Број на текстови објавени денес: 0

Специјализирана фирма ја чистеше Триумфалната капија

147395

На скелиња со кофи вработени во фирмата „Перфект чисто“ денеска ги чистеа трагите од Шарената револуција на Триумфалната порта.
Топовите на шарената револуција кои се активираа пролетва ги обоија триумфалната порта, спомениците во паркот жена-борец, Собранието, Владата, фонтаната на плоштадот Министерството за култура и неколку други споменици.

Како што јавува 24 Вести сега започнува професионалното чистење на ишараните објекти, за што е ангажирана оваа фирма. Од градот Скопје не одговараат која фирма го добила тендерот бидејќи службите не работеле во сабота.

Инаку фирмата „Перфект Чисто“ има примарна дејност чистење на згради.

Според дел од медиумите градежната компанија „Бетон“ во мај годинава повторно го добила тендерот за нови 24 месеци во кои ќе треба да ги одржува фонтаните и спомен-обележјата. Според Бирото за јавни набавки проценетата вредност на договорот е 730, 000 евра за една година. Но дали оваа фирма покрај одржувањето има и обврска да ги чисти спомениците а наместо нејзе тоа го прави друга компанија, град Скопје ќе одговори наредната недела, кога службите ќе се вратат на работа.