Број на текстови објавени денес: 18

Спасовски се сретна со командантот на КФОР

%d0%be%d1%815

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со командантот на КФОР, генерал мајор Џовани Фунго.

„На средбата двајцата соговорници разговараа за соработката на МВР и силите на КФОР, за безбедносната состојба во регионот и мигрантската криза. Министерот Спасовски и генерал мајор Фунго се согласија дека МВР и силите на КФОР имаат воспоставено одлична соработката и дека во наредниот период таа ќе продолжи да се развива во интерес на јакнење на безбедноста во регионот“, се наведува во соопштението.