Број на текстови објавени денес: 12

Спасовски: Просечна плата 30.000 денари за помали социјални разлики (ВИДЕО)

capture-006

Ја пренесуваме интегрално изјавата за медиуми на Оливер Спасовски, носител за кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2.


– Македонија мора да стане праведно општество во кое секој граѓанин ќе биде ценет, почитуван и еднаков пред законите. Доволно беше една одбрана група на граѓани, членови на фамилијата да биде над законите, над економијата и над животите на останатите граѓани.
Доволно беше кога само членовите на фамилијата живееја а сите други преживуваме.

Сите граѓани, без исклучок треба да ги уживаат благодетите од државата. Сите граѓани, без исклучок, треба да одгвовараат пред правдата. Сите граѓани треба да имаат пристоен живот.

И затоа, во Планот за живот се обврзуваме дека ќе ја вратиме правдата во Македонија. Се обрзуваме дека ќе го вратиме животниот стандард. Се обврзуваме дека Македонија ќе биде праведно општество.

Минималната плата ќе ја покачиме на 12 000 денари во првите четири месеци и ќе биде еднаква во сите индустрии. Се обрзвуваме просечната плата до крајот на мандатот да изнесува 30 000 денари, за да го подигнеме стандардот и да ги намалиме социјалните разлики. Тоа е исправниот пат кон еднакво и праведно општество.

Праведно општество значи и правична распределба на финансиите. Праведно општество значи еднакви услови за живот и кариера без разлика на тоа дали некој е екстремно богат или екстремно сиромашен. Затоа преку повисоки просечни и минимални плати ќе ги вратиме стабилноста, правичноста и животот во Македонија.

Ќе ја вратиме правдата во Република Македонија. Праведно општество значи еднаквост пред правдата, подеднакво важење на законите, без двојни аршини. Ќе има правда за сите без разлика на етничката, верската, социјалната или партиската припадност.

Законите ќе важат за секого и секој кој прекршил било каков закон, ќе мора да понесе одговорност, секој кој криминално стекнал имот, ќе мора да го врати назад.

Граѓаните се желни за подобар живот, за повисоки плати и за правда. Затоа на 11 декември граѓаните масовно ќе дадат поддршка за Планот за живот во Македонија. Ќе ги вратиме слободата, правдата и животот во Македонија, а Македонија ќе стане слободно, демократско и праведно општество – рече Спасовски.