Број на текстови објавени денес: 0

Спасовски: Ова е битка за враќање на парите и животот во Куманово и Македонија (ВИДЕО)

%d1%81%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%ba%d1%83%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be

Мора да направиме се, сите, и младите и пензионирите, да имаат достоинствен живот во Република Македонија. Затоа сакам да не ги злоупотребувате пензионерите. Да не им кажувате дека токму сега им покачувате нешто што им следува законски. Се залагаме за консолидирање на пензискиот фонд, за реално зголемување на пензијата секоја година врз основа на трошоците за живот и да имаат достоинствен пензионерски живот, рече синоќа Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа на Колаицијата „За живот во Македонија“ во ИЕ2 во Куманово.

-Најавувам нова мерка, воведување на државна социјална пензија за секој граѓанин кој нема доволно работен стаж, односно нема 15 години работен стаж. Таа пензија би изнесувала 70 проценти од просечната пензија во Македонија. Секој граѓанин да има можност достоинствено да живее – рече Спасовски.

Спасовски зборуваше и за приоритете на програмата на коалицијата за Куманово.

-Првиот е целосна гасификација на општина Куманово, нешто што го започнавме први во Македониа и нешто кое знаеме и можеме да го направиме.Второ, да одделиме средства од Буџетот на Р.М. пари кои се од граѓаните на Куманово, и трајно и целосно да го решиме проблемот со водоснабдување во Куманово. Да не ни се случува ова што ни се случува денес – да водат политика со водата во Куманово. Да има некои директорче кое кога ќе му текне да ја исклучува водата, само за да постигне политички поени. Но и за тоа се одговара. И на крајот, да направиме се, државата да финансира една санитарна депонија за собирање на цврстиот отпад во Општина Куманово. Тоа е потребно за да го заштитиме и Куманово и околината но да ја заштитиме и Македонија -рече Спасовски .