Број на текстови објавени денес: 70

Спасовски: Не сум потпишал решение за распоредување на работници по одлуката за избори

%d1%81%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b86

По денот на донесување на Одлука за распишување на избори не е донесено ниту едно Решение за распоредување, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски регагирајќи на барањето на Државната антикорупциска комисија ОЈО да поведе постапка за прекршување на регулативата за избори.

Тој нагласи дека единствените решенија за распоредување на вработени во МВР што ги има донесено се во соглсност со Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата.

– Нагласувам дека сите овие решенија за распоредување на работниците на конкретни работни места во Министерството се донесени пред денот на донесување на Одлуката за распишување на избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија. Од друга страна, заради нормалното функционирање на Министерството за внатрешни работи и поради недостаток на работници во одредени организациски единици во МВР, после денот на донесување Одлука за распишување на избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија се донесени Наредби со кои определени работници се задолжуваат да извршуваат работи и задачи од конкретни работни места каде се појавува недостаток од полициски кадар, за ограничен временски период од 30 дена. Наредбите не претставуваат Решенија за распоредување и тоа е исклучиво законско право на Министерот за внатрешни работи регулирано со член 153 и 154 од Законот за внатрешни работи. Вакви наредби потпишувам секојдневно на предлог од директорот на БЈБ и за нив нема никаква реакција. Министерството за внатрешни работи е еден од најголемите и најчувствителните државни органи со над 12 000 вработени и можете да замислите што ќе се случи доколку престанам да потпишувам акти со кои ќе се сопре тековното функционирање на органот- рече министерот Спасовски.