Број на текстови објавени денес: 60

Спасовски: Граѓани пријавија нудење поткуп за глас на изборите, казни за полицајците кои учествуваат во изборната кампања

32312312

Двајца граѓани на Прилеп пријавија дека претставик на политичка партија им понудил соодветна сума, како поткуп за глас за изборите. Направена е кривична пријава против еден сторител, известен е јавниот обвинител и се преземаат мерки за откривање на овој случај. Апелирам до политичките партии кампањите да ги водат на ниво на програми и концепти и без злоупотреби. Апелирам до граѓаните доколку забележат случај на злоупотреба од кој било политички субјект тоа веднаш да го пријават во полициска станица и да соработуваат со МВР, посочи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на битолската полиција.

Според Спасовски, основната задача е да се обезбеди мирен, предизборен период, изборен ден и постизборен период, односно полицијата мора да биде сервис на граѓаните, а не на политичарите или на политичките партии.

– Сите треба да постапуваат крајно професионално и во интерес на граѓаните, а политиката да ја остават на политичарите. Притоа најстрого ќе биде казнет секој полицаец што ќе учествува во предизборна кампања на било која политичка партија. Таков случај регистриравме во Струга и на други места за кои преземаме мерки. Полицијата мора да биде сервис на граѓаните, а не на политичарите или политичките партии – изјави Спасовски по средбата со раководството на СВР-Битола.

На средбата со новинарите во Битола, министерот Спасовски изјави дека во Прилеп е регистриран и пријавен случај на давање поткуп за политички цели.

 

Г.Н.