Број на текстови објавени денес: 70

СОНК бара повлекување на новото работно време за градинките

%d1%81%d0%be%d0%bd%d0%ba17

Повлекување на наредбата со која воспитувачките и негувателките во градинките треба да работат по осум часа дневно , денеска побара претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура(СОНК) Јаким Неделков.

Тој најави протест и штрајк на вработените во градинките доколку министерката за трус и социјална политика Фросина Тешевска Ременски не ги повлече наредбите со кои се воспоставува 40- часвна работна недела за воспитачките и негувателките во градинките и се бара директорите да водат евиденција за работното време.

Неделков, како што рече го смета за „скандалозен и невалиден“ дписот кој до градинките на 21 ноември го испратило Одделението за инспекциски надзор од дејноста заштита на децата кое е дел од МТСП.

Тој тврди дека дописот еп ратен електронски и нема  архивски број, печат и потпис и рече дека е небулзно писмо од половина страница со кое се суспендирани Законот за детска заштита, Колективниот договор за детска заштита и Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца.

Во законите е регулирано тие што имаат непосредна работа со деца да работат 35 часа (седум дневно) ако се негуватели, односно 30 часа (шест дневно) ако се воспитувачи. Административно-техничкиот персонал во градинките работи 40 часа.

– Ресорното министерство кое е надлежно за спроведување на законот, го крши законот и колективниот договор, а ги суспендира и надлежностите на општините. Министерката Фросина Ташевска-Ременски се става над законот и колективниот договор. Со тоа прави кривични дела за кои треба да одговара – рече Неделков.

Неделков реагираше и на наредбата  директорите на градинките да доставуваат електронски извештаи за дневно присуство на вработените.

Според него, тоа е заплашување и ја повика министерката да ја повлече наредбата. Во спротивно, како што рече, членството на СОНК ќе имало протест пред Министерството, а не било исклучено градинките да стапат во генерален штрајк.

Неделков ја повика Ременски и да го докаже тврдењето дека вработените во градинките оделе на партиски митинзи, јавно да одговори кои се тие вработени, од кои установи и на кои митинзи присуствувале. Таквата изјава на министерката, според него, е навреда и клевета за целата фела и побара таа да поднесе оставка доколку не ја докаже. Рече и дека во судска постапка Ременски треба да го докаже тврдењето дека СОНК влегол во политички води наместо да ги штити правата на работниците.

Тоа што СОНК потпишал меморандум за соработка со една политичка партија, рече Неделков, било затоа што од неа единствено добиле понуда за соработка. Обвинувањата би држеле ако СОНК одбил понуда од некоја друга партија, а други понуди немале, додаде претседателот на Синдикатот.

Покрај писмото до министерката Ременски со кое се бара итно повлекување на наредбата за ново работно време во градинките, за проблемот СОНК ја информирал и Владата и ќе се обрати до амбасади и до меѓународни синдикални организации.