Број на текстови објавени денес: 60

Сомнителни анкетари испрашуваат пензионери во Кисела Вода

%d0%bf%d0%b0%d1%80%d1%82%d0%b8%d1%98%d0%b0

Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), ги информира пензионерите во Скопје, дека во oпштина Кисела Вода „сомнителни“ анкетари со доставување на „прашалници“ во кои бараат да се внесат и лични податоци на анкетираните, се обидуваат да им ги „украдат“ личните податоци, најверојатно заради вршење изборни манипулации или за други криминални цели.

Од ПОПГМ „анкетарите“,се претставуваат дека се ангажирани од СЗПМ, вршат анкетирања на пензионерите со доставување прашалник во кој покрај другото (дали користеле бањско лекување и т.н.) се барало да го впишат ЕМБГ, бројот на лична карта и број на полнолетни членови во семејството.

„Информирајќи ја јавноста за ваквата појава ги потсетуваме пензионерите дека ваквите „анкети“ не се законски дозволени и дека обично се наменети за остварување на криминални цели, а во период на изборна кампања за вршење притисоци врз изборната воља на избирачите. Ги охрабруваме пензионерите и бараме секој ваков случај да го пријават во најблиската полициска станица заради откривање и фаќање на извршителите. На тој начин ќе се спречат обиди за злоупотреба на личните податоци за незаконски влијанија и притисоци врз пензионерите поврзано со изборниот процес или за остварување на нивни други криминални цели“, се вели во соопштението од ПОПГМ.