Број на текстови објавени денес: 70

Собранието отворено за граѓаните и во петок на 2 декември

sobranie-zgrada

Собранието на Република Македонија поради големиот интерес ќе бидe отворенo за посета од страна на граѓаните и во петок на 2 декември 2016 година.

„Тоа претставува можност посетителите да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговор на нивните прашања“, информираат од собраниската прес-служба.

Собранието  вообичаено, е отворено за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02/3113-683 или на е-маил s.stamenkovska@sobranie.mk, најдоцна пет работни дена пред посетета.