Број на текстови објавени денес: 70

Случајно откритие: Батерија за телефон што трае 400 години

baterija

Студентка од Универзитетот Каролина случајно дошла до револуционерно откритие за обичните, полниви батерии.

Истражувачката Миа Ли Таи, додека ги проучувала својствата на златни наножици што ги премачкала со електролитен гел, случајно открила начин како батериите би можеле да траат и до 400 години.

Наножиците се одлични спроводници на струја, но многу се чувствителни и не може да издржат долго полнење на батерија. Откако студентката ги премачкала со електролитен гел, заклучила дека таква батерија би можела да издржи 200.000 полнења во тек на три месеца, а при тоа да не изгуби на квалитет.

Тоа би значело дека ваква батерија во обичен смартфон или лаптоп би можела да издржи дури до 400 години, иако научниците се уште не се сигурни зашто со ваков спој може да се направи така добра батерија.

„Ова е неверојатно, обично вакви батерии почнуваат да губат на квалитет само после 5.000 до 6.000 циклуси, максимум до 7.000“, изјавил Регинал Пенер од Универзитетот Каролина.

Истражувачите сега се обидуваат да најдат заменски материјал за злато, кое е прескапо за масовно производство на овие батерии.