Број на текстови објавени денес: 62

Словенија извезува млеко во Кина

%d1%99%d1%83%d0%b1%d1%99%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b01

Словенечките млекарници подготвуваат пратка од 21.000 литри млеко за Кина, откако пред еден месец на кинескиот пазар испорачаа 10.000 литри трајно млеко.

Покрај „Љубљанската млекара“, дозвола за извоз на млечни производи во Кина добија уште „Целеја“, „Помурска млекара“ и „Планика“, јави РТВ Словенија.

„Помурската млекара“ е во фаза на преговори за конкретни работи, а влезот на кинескиот пазар се очекува идната година.