Број на текстови објавени денес: 0

Слободумни патриоти: Да се спроведат препораките на Прибе

download762

После уште еден поразителен извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, ги повикуваме сите политички партии без двоумење уште веднаш во своите изборни програми да се обврзат дека доследно ќе ги спроведат сите забелешки дадени во Извештајот на ЕК, а посебно имплементирање на итните реформски приоритети дадени во извештајот на ЕУ експертската група предводена од Рајнхард Прибе, побара денеска Форумот на слободоумни патриоти.

Во нивното соопштение се вели:

„Доколку не го направите истото уште на старт ќе покажете дека не сте за разрешница на политичката криза која веќе предолг период ја има зафатено Република Македонија, туку сте за пролонгирање на истата се со цел ваше политичко опстојување. Во интерес на Република Македонија ве повикуваме да прекинете со вашите ефтини политички игри. За нас поразителна е констатацијата на Европската комисија дека Република Македонија воопшто не напредувала од лани“.