Број на текстови објавени денес: 0

СЛОБОДЕН УДАР Нула толеранција

%d1%82%d0%b0%d0%ba%d0%b81

Ако не се сфати сериозно заканата на Владимир Панчевски дека пак ќе се кандидира за претседател на Основниот суд Скопје 1 („Ќе издржам до последен здив!“), тогаш слободно може да се каже дека вчерашниот Меѓународен ден на толеранцијата помина во необична атмосфера, без редовната доза препукување, насилство и омраза.

Сме имале и полоши денови, иако и вчерашниот не беше лесен. Имено, во релативно мирна и фер атмосфера подмладоците на политичките партии потпишаа Декларација со која се обврзаа дека ќе се заложат „за подобрување на демократската клима во изборниот процес, за јавна осуда на секаков чин на насилство, како и за необјавување клевети, навреди и манипулации“.

Речиси во ист таков амбиент на разбирање до крајни граници – нешто што тешко може да се толерира во обичен ден – МАНУ, заедно со ОБСЕ, организираа конференција од која порачаа дека „партиите треба да соработуваат, да дебатираат, да се толерираат во поглед на различните мислења бидејќи тоа може да отвори дебати кои ќе бидат корисни“. Но, академиците не се обврзаа на ништо, не кажаа дали и што ќе направат за да се зголеми степенот на толеранција или барем да се спречи говорот на омраза и насилството во изборниов период. Искусни луѓе, особено во споредба со подмладоците. Но, најважно е дека и тој ден помина.

 

(Објавено во „Слободен печат“)