Број на текстови објавени денес: 0

Славната актерка ја отвори душата: Ме силуваа двајца мажи!

tumblr_m5d8loszey1r27nw9o1_500

Американската актерка Еван Рејчел Вуд (29) одлучила да ја отвори душата за два одвоени случаи во кои била сексуално злоставувана. Еван Рејчел Вудсмета дека е важно да се зборува за тоа затоа што „светот е полн со сексизам и омраза“.

– Јас сум жртва на силување. Еднаш ме силуваше маж со кого бев во врска. Во друга пригода тоа го направи сопственик на еден бар. Мислам дека живееме во време кога за тоа не смее да се молчи – рекла Еван Рејчел Вуд.

Еван која e ѕвезда на серијата „Westworld“ признала дека кога имала 22 години се обидела да се убие. Имено, актерката открила дека секојдневно ја навредувале затоа што била во врска со Мерилин Менсон.

Еван и Менсон се запознале додека музичарот бил во брак со Дита Вон Тис (44). Кога ја започнале врската таа имала 18 години, а прекинале по четири години.

– На улица ме нарекуваа ку**а и добивав заканувачки писма – открила Еван.

Актерката која открил дека е бисексуалка денес има тригодишен син со сопругот Џејми Бел.