Број на текстови објавени денес: 18

Скопјанец и струмичанка загинаа во вчерашната сообраќајка кај Пилав Тепе

567

Скопјанецот Тони Китановски (1973) загина вчера околу 18 часот во сообраќајката која се случила кај месноста Пилав Тепе, на регионалниот пат Штип-Радовиш. Во несреќата загинала и неговата сопатничка Изабела Истатова (1966) од Струмица.

Тие загинаа откако возилото „мерцедес“ со кое патувале од засега непознати причини се судри со полн автобус на „Струмица експрес“. Со тешки повреди во болница се згрижени и неколкумина патници од автобусот.