Број на текстови објавени денес: 0

Скопјанец загина во сообраќајка кај Градско

download-1580

Педесет и осумгодишен скопјанец, возач на комбе, загина во собраќајна несреќа која се случила вчера на регионалниот пат Велес-Градско, во близина на селото Ногаевци.

Полицијата извести дека во сообраќајката учествувале две возила, „цитроен берлинго“ со скопски регистарски таблички и влечно возило марка „сканиа“ со приколица. Во несреќата загинал возачот на „берлингото“, а со тешки повреди се здобил сопатникот во товарното возило.