Број на текстови објавени денес: 86

Скопјанец е ранет во кавга после сообраќајка

download-1589

Скопската сообраќајна полиција извести дека утринава на улицата Христијан Тодоровски Карпош две непознати лица, кои биле со возило „БМВ“, извршиле физички напад и со остар предмет му нанеле убодна рана во пределот на стомакот на Т.У. (26) од Скопје. Ранетиот бил пренесен и е задржан во градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Причина за нападот била расправија во сообраќајот.