Број на текстови објавени денес: 86

СКАНДАЛ-БАКРАЧЕСКИ СО УЦЕНИ ВРЗ СОВЕТНИЦИТЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА МАНДАТОТ ИЗДЕЈСТВУВАЛ „ТИМ ИНЖИНЕРИНГ“ ДА ДОБИЕ ДОЗВОЛА ЗА ГРАДБА НА ОБЛАКОДЕР!

%d0%ba%d1%83%d0%ba%d0%b03

Пред и по доваѓањето на градоначалничката позиција во 2013 година на Никола Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ во Охрид ,главно изборно мото, а потоа и главно обвинение спрема претходниците,беше дека „НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ БЕТОНИЗАЦИЈА НА ОХРИД,ЌЕ ЈА УНИШТИМЕ ГРАДЕЖНАТА МАФИЈА“!!Секако дека ова представуваше само преди9зборен маркетиншко – популистички трик,зошто и самиот Никола Бакрачески ,а и ВМРО ДПМНЕ добро знаеле дека ,доколку се спречи градбата на Охрид , општината нема да има приходи ,а следствено на тоа и тајните приходи на функционерите (црните провизии)ќе ги нема!

Ново настанатиот проблем во центарлното градско подрачје веднаш наспроти зградата на Општина Охрид ,каде на приватниот инвеститор „ ТИМ ИНЖИНЕРИНГ“-Скопје ,добил дозвола за градба на висококатница П+7+ПК,при што се суспендирани сите закони во Р.М, додатно ,само излезе на виделина сиот популистичко мегаломански криминален начин на владеење со Општина Охрид.

1.Во Април месец 2013 година Никола Бакрачески станува Градоначалник на Општина Охрид. на неговата прва прессконференција ќе истакне дека ќе стави крај на урбанистичкиот хаос во Охрид и нема да дозволи урбаната мафија да и понатаму гради акде што ќе стигне! рече , но излажа.

2.Само три месеци покасно од оваа негова изјава , пред Советот на Општина Охрид , градоначалникот Никола Бакрачески доставува барање за промена на ДУП за централно градско подрачје ,за изградба на индивидуална стамбена зграда на Улица Мите Богоевски со катност П+5+ПК. Ваквата негова поднесена иницијатива наидува на оштро негодување кај советниците ,кој дел од нив јавно тогаш проговориле ,дека само до пред три месеци се бореле против урбаниот хаос ,за наеднаш ,сега да некој само послем три месеци бара да се усвои точка ,која е надвор од здрав разум.

3. Тогаш во 2013 година следувале огромни притисоци врз советниците, но и закани дека ќе им бидат активирани депонираните оставки ,како и депонираните Меници во висина од 5.000 Евра од страна на партијата ВМРО ДПМНЕ , но и додатните менични гаранции во висина од 5000 евра ,кој секој советник ги доставил во име на својот брачен другар, татко или пријател.

4.По неколку дневно натегање , и уцени ,но и можни поткупи на советниците ,се носи одлуката за одобрување на промена на делот на ДУП за  Улица Мите Богоевски со катност П+5+ПК,но тука не завршува севкупната криминална афера поврзана со општина Охрид, напротив продолжува.

5.Од кога се донесла одлуката , на некого му паднало на памет да се доделат уште две катни висини , или додатни 1500 мкв корисна површина.За таа цел повторно врз претходната одлука на Советот на Општина Охрид ,се врши додатен проект план ,со која катноста се менува на П+7+ПК, но и се додаваат подземни гаражи. Сето ова поминува во Министерството за Транспорт и врски по експресен пат,па така инвеститорот ,скопската фирма „ТИМ ИНЖИНЕРИНГ“ добива дозвола за градба во втора варијанта  П+7+ПК, но и се додаваат подземни гаражи.

Тука е крајот на само дел од криминогените активности на првите лица на Општина Охрид , но има и втор дел ,каде криминалот излегува на површина , или што би рекол Никола Груеевски -„Вистината е како шило“!

Објаснувањата на Општина Охрид ,дека градежниот испекторат донел решение за забрана на градежни активности кое по пошта го проследил до иневеститорот „ТИМ ИНЖИНЕРИНГ“,но замислите немале потврда од пошта дали инвеститорот „ТИМ ИНЖИНЕРИНГ“ го добил решението за забрана , воопшто не држи место, напротив некој сака охриѓани да ги направи глупави?!

Решението на градежниот испекторат е извршно и секоја жалба на истото не го одлага неговото извршување,така е според Закон.Градежниот испекторат има право , но и обврска , да доколку иневститорот „ТИМ ИНЖИНЕРИНГ“ не се придржува кон издаденото решение , да побара асистенција на Полиција и да го затвори градежниот објект,а општина Охрид има законско право да ја одземе дозволата за градба која ја издала на иневститорот ,или други лица, и тука нема компромис.

Општината има законска обвсрка да спречи било каква повреда на право на сопственост на други лица ,како и нанесување на трајни последици по нивниот имот , доколлку со предметно решение направила грешка ,истата ќе мора да ја надохнади.Кривична одговорност мора да има ,и ќе има за сите подеднакво.

Охридскај