Број на текстови објавени денес: 65

Си прислушувале кого сакале и колку сакале

%d1%81%d1%98%d0%be191

Десетмина поранешни и актуелни вработени во УБК се осомничени за злоупотреба на системите за следење на комуникациите во новата истрага на СЈО насловена „Таргет“.

– Постои основано сомнение дека првоосомничениот кој бил на раководна позиција во УБК пристапил кон слушање на телефонските разговори за кои не биле издадени ПИМ и давал наредби за следење на лица кои биле во блиски односи со други лица, лица од бизнис и од новинарската фела. Второосмничениот е оној кој заедно со првоосомничениот и многу пати самостојно го организирале процесот на незаконското следење на комуникациите бил запознаен со сите кориснички имиња и лозинки. Самиот внесувал телефонски броеви за кои не биле издадени судски наредби и ги слушал разгворите и издавал наредби за внесување телефонски броеви – објасни Фетаи.

Третоосомничената, како вработена во сектор на УБК, проследувала телефонски броеви за следење без судски налог. Останатите осомничени вршеле транскрибирање на прислушуваните разговори.

– Ваквите дејствија биле забележани од лице вработено во УБК кое прибавило дел од транскриптите и дел од аудио записите од незаконски следените комуникации. Тој ги предава на друго лице, а тој на трето кое ги предало на лидерот на една политичка партија – рече Фетаи.

Второосомничениот го организирал и координирал незаконското следење на комуникации. Тој од неговиот компјутер вршел внесување и слушање на телефонски разговори за кои не постоеле судски наредби.

Останатите осомничени се товарат дека внесувале броеви за следење по налог на второосомничениот а без судски наредби.

– Една од последиците е потешката повреда на правата на лицата кои биле следени на ваков начин. Дел од овие лица најавијаа оштетено побарување. Едниот е новинарот Борјан Јовановски, кој незаконски биле следен од 03.12 2010 до 10.01. 2013 и од 25.12.2012 до 10.03 2015, Мери Јордановска незаконски била следена од 15.02.2014 до 10.03.2013. Горан Михајловски од 01.02. 2013 до 10.03.2013. Има многу вакви примери и за политичари – рече Фетаи.