Број на текстови објавени денес: 62

Си-Би-Ес: Можни се напади на Ал Каеда во САД на ден пред изборите

%d0%b0%d0%bb%d0%ba%d0%b0%d0%b5%d0%b4%d0%b0

Американски разузнавачи ги предупредиле властите во Њујорк, Тексас и Вирџинија дека е можно припадници на Ал Кадеа да извршат терористички напади во понеделник, на еден ден пред претседателските избори во САД закажани за 8 ноември, јави телевизијата Си-Би-Ес, повикувајќи се на неименувани безбедносни извори.

Според телевизијата, во предупредувањето не се посочени конкретни локации кои би можеле да бидат цели на нападите, но разузнавачките агенции веќе ги алармирале безбедносните служби за евентуалните закани.

– Федералното истражно биро (ФБИ) во соработка со колегите од федералните, државните и локалните служби, разменува информации и ги проценува на дневна основа. Ќе продолжиме тесно да соработуваме со партнерите во локалните полиции и разунавачките служби, за да идентификуваме и спречиме евентуални поотенцијални закани по јавната безбедност – изјавил за Си-Би-Ес висок официјален претставник на ФБИ, кој побарал анонимност.

Американското Министерство за внатрешна безбедност одби да ги коментира наводите на Си-Би-Ес.

Од друга страна, претставници на властите во сојузните држави Охајо, Пенсилванија, Аризона, Висконсин и Флорида соопштиле дека за обезбедување на изборите ќе бидат ангажирани ист број припадници на безбедносните сили, како и на гласањето во 2012 година.