Број на текстови објавени денес: 0

Сиромашни работници во железарница добија 421 милион долари на лото! ФОТО

ts_ktkqturbxy8xmmriyjjjowrjn2jizgi0zwfhzwzimju1yjzhmzaxys5qcgvnk5uczqmuamldlqlnadyawsovb9kyl3b1bhnjbxmvturbxy8xzdc0y2i0mtcwntk1mdqznjyyownhymq2mdzmntbmni5wbmchwga

Ејми О’Нил од американската сојузна држава Тенеси штотуку сварила кафе кога нејзиниот син ѝ ја пренесол неверојатната вест којашто ја слушнал на телевизија: освоиле главна награда на лотаријата „Пауербол“ во износ од 421 милион долари!

Пред осум години Ејми се здружила со уште 19 колеги и колешки од железарницата „Норт Американ стемпинг груп“ во која работи. „Тенеси 20“, како што самите себе се нарекуваат, уплатувале 120 долари неделно на лотаријата, а Ејми го купила последниот лоз во киоскот за продажба на цигари во „Лафает“.

Играчите сакале износот да им се исплати веднаш, што довело до намалување на освоениот добиток на 254 милиони долари: секој, значи, доби по 12,7 милиони долари. Потоа следувала одлуката која, со толку количина пари в џеб, малкумина би ја донеле.

Повеќето играчи на лотаријата рекле дека ќе продолжат да работат во фабриката, иако станале милионери, и сите со освоените пари ќе им помагаат на оние на коишто им е тоа потребно. Многумина конечно ќе можат да ги отплатат долговите.

Ејми О’Нил вели дека повеќето колеги не можеле да поверуваат дека добиле, а еден веднаш паднал на колена и почнал да му се заблагодарува на Господ.

– Никогаш не сме мислеле дека навистина ќе добиеме на лотарија. Почнавме тоа да го правиме најпрво од шега и да го потпомогнеме образовниот систем и нашата земја – рекла Ејми.

Пред насобраните новинари Ејми му се заблагодарила на Господ и изразила радост поради победата на Доналд Трамп на изборите.

Добитниците на милионите имаат различни планови: жените конечно ќе си ја исполнат желбата и ќе си уплатат патување од соништата, а мажите ќе купат нов автомобил.

– Повеќето веројатно ќе купат нова ќука. Некои ќе ги испратат децата на Универзитет и конечно ќе си платат лекување – изјавила Ејми.

Стивен Стафман има аутистична внука и се надева дека со освоените пари ќе може да ѝ помогне.

– Сите секогаш сме подготвени да помогнеме. А, сега ќе можеме да помогнеме уште повеќе – рекол Кевин Садерленд (43) со солзи во очите.