Број на текстови објавени денес: 65

Синдикат на МНР: Последните опструкции на синдикализмот во земјава

download822

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженија за заштита на работнички права поаѓајќи од својата фундаментална заложба „Синдикатите во Македонија и пријателите на работните луѓе заеднички да се спротивстават на растечките негативни трендови на намалување и укинување на постоечките работнички права“, најенергично се спротивставува на последните опструкции на синдикализмот (trade unionism) и бара надлежните органи во Република Македонија да преземат активности во насока на решително надминување на тие опструкции, се вели во реакцијата на Синдикатот на МНР.

„Повелбата го поздравува храбриот и малку дури и задоцнет чекор за разрешување на досегашниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Живко Митревски. По бројните антисиндикални потези на овој синдикален функционер, кулминацијата беше первертирањето на клучната суштина на синдикализмот: наместо политичките партии да ги прилагодуваат своите политички програми и активности согласно барањата на синдикатите, тој, практично самостојно или со поддршка на само грст гранкови синдикати ја „усогласил“ агендата на ССМ со истата на владеачката партија!!! Да биде работата уште пострашна, таквото однесување е, изгледа, „заразно“. СОНК, исто така, побрза да се „усогласи“ со владеачката партија. Само потсетуваме дека се работи за политичка партија која пред очите на целата македонска јавност веќе со години одбива дури и синдикален дијалог и упорно го разградува системот на заштита на работничките права!

Во такви услови, поддршката на разрешениот Претседател на ССМ на одржаната седница на ССМ на 13 ноември, и молчењето на надлежните во услови кога истиот дури и највулгарно им го попречува физичкиот пристап на гранковите синдикати до нивните простории е апсолутно неприфатливо и крајно нецивилизирано однесување. Едновремено, тоа е брутално рушење и на институционализмот за кој политичката партија сеуште на власт наводно се залага: ако Митревски верува дека му е направена неправда – нели постојат институции кои треба да ја разгледаат неговата поплака и да се изјаснат по истата? Очигледно, и тој самиот нема верба во институциите со кои потпишува договори и – се решил со груби физички мерки да се справи со „непослушниците“.

Другиот случај е, исто така, демонстрација на вулгарна примена на физичка сила и затоа ја користиме оваа прилика да ја искажеме нашата најостра осуда на минатонеделниот напад на канцеларијата на Здружението на работниците и работничките од текстилната и кожарската индустрија ГЛАСНО во Штип, преку кој беа уништени прозорите и таблата со логото на КУЦ ТЕКСТИЛ и бараме Министерството за внатрешни работи и јавното обвинителство најитно да ги откријат сторителите на овој напад кој испраќа сериозна закана за човекови права и слободата на здружување и изразување на граѓаните. Притоа, не можеме а да не се згрозиме над таквиот вандализам ако се има предвид за кого се работи: без сомнеж најдискриминираните работници во Македонија – текстилните и кожарски работници!!! Наводната немоќ на полицијата да ги открие сторителите на овој вандализам во едно место како што е Штип – со долга традиција и со децении стабилно население, не може да биде ништо друго освен отворено исмевање на поимот македонски „систем на правда“, се вели во нивниот став.