Број на текстови објавени денес: 18

Синдикат на дипломатска служба: Курц грубо ја прекрши дипломатската практика

%d1%81%d0%b8%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%82

Синдикатот на македонската дипломатска служба со огромно разочарување ја прими веста дека австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан КУРЦ, си дозволил грубо да ја прекрши дипломатската практика и во соработка со македонскиот министер за надворешни работи,  Никола Попоски, да ја доведат македонската јавност во сериозна заблуда за карактерот на престојот во Македонија на австрискиот партиски функционер, се вели во соопштение испратено до медиумите.

„Исто толку е разочарувачко што требаше да се јават личности како Свобода, Бендер и Бибер, додека веќе стандардизираната постава надворешно- политички македонски коментатори – буквално немаат ниту храброст ниту доблест да се спротивстават на злоупотребата на положбата на двоецот Курц – Попоски. Како што на два прста избројливите македонски медиуми сугерираа, извесно е дека споменатиот двоец не се обиде да објасни во кое својство Курц престојува во Македонија и зема активно учество во политичкиот живот на нашата држава или поточно зел учество на митинг на владеачката партија како дел од предизборната кампања. Дури и австриското МНР да му ги платило трошоците на Курц за овој престој – извесно е дека прво и основно тој се појавил на партиски митинг, па дури потоа се „преоблекол“ во државничко руво и – станал министер!?? Тоа е недопустиво во дипломатската практика, а тоа значи во практиката на тнр. „дипломатија на врвот“ односно за политичарите кои вршат определена дипломатска функција. (Тоа, нели, не важи за професионалната дипломатија, а тоа што нашата дипломатија е длабоко партизирана – само покажува колку излегуваме од поимот ‘дипломатска практика’!) Можеби најдобро може да се илустрира со нешто што во јавноста е добро познато од периодот на „Студената војна“: дипломатските куќи што прикажуваа недипломати како дипломати беа често прогласувани за недобродојдени во демократските земји. Партискиот функционер не е дипломат и заради тоа е недопустиво да се крие зад дипломатски пасош. И, не постои обврска на страна на земјата на приемот да го прими партискиот функционер во посета на нејзината територија.

За содржинските аспекти и нема потреба посебно да се длаби, дотолку повеќе што и домашните, но и странските медиуми (Дер Стандард и Дојче Веле) кристално јасно ги илустрираа апсурдите што Курц ги отвори со своите изјави. Извесно е дека сме свесни дека кокетирањето на партиското со државничкото е светски процес, но, крајно поразувачко е тоа што во оваа ситуација дојде токму од Австрија, инаку држава која веќе со децении и дава исклучително голема поддршка на самостојна Македонија и оттука многумина во Македонија веруваат дека таа држава е токму еден од нашите најголеми пријатели. И не е некоја утеха изјавата на портпаролот на нивното МНР дека Курц во Македонија престојувал како партиски функционер“, се вели во реакцијата на Синдикатот.