Број на текстови објавени денес: 0

„Симпсонови“ предвидоа победа на Трамп уште пред 16 години

simpsons

Американците имале предупредување за тоа дека Доналд Трамп ќе им биде претседател уште пред 16 години. Имено, во популарната анимирана серија, во епизодата „Барт од иднината“ која се емитуваше во март 2000, еден од ликовите, Лиса преземајки го претседателското место изјавува дека наследиле лош буџет од претседателот Трамп.

Ден Грини, човекот кој го пишувал сценариото за Симпсонови изјавил: “Тоа беше предупредување за Америка. Тоа само ми изгледаше како логички последната станица пред допирање на дното и беше во согласност со лудата визија на Америка и нејзиното движење”.
Во изјава за весникот Градијан, творецот на Симпсонови, Мет Гренинг, вели:“Ние предвидовме во 2000 година дека тој ќе биде претседател- но секако Трамп беше само име за шега што во тоа време мислевме дека е соодветна ”.