Број на текстови објавени денес: 0

Силен земјотрес регистриран во Аргентина и Чиле

zemjotres-3

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала утрово ги погоди западниот дел на Аргентина и делови од Чиле.

Се уште нема податоци за евентуална причинета материјална штета и човечки жртви.

Според аргентинскиот Сеизмолошки институт, земјотресот ја погоди провинцијата Сан Хуан во Аргентина, а бил почувствуван во регионот на Атакама и Кокимбо во западно Чиле.