Број на текстови објавени денес: 86

Се степале и судијки од Управниот суд

%d1%83%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d1%83%d0%b4

Две судијки на Управниот суд, чиј идентитет е познат на редакцијата на Макфакс, се степале откако претходно двете изнеле различен став за сето она што изминативе денови се случува со нивните колеги во скопскиот Кривичен суд.

 

Едната од судијките била на мислење дека она што го прават нивните колеги во „единица“ е исправно, но тоа не и се допаднало на другата судија, па вербалната расправија преминала во физичка пресметка.

Од судот сé уште нема никаква официјална реакција на случувањата.