Број на текстови објавени денес: 50

Се расветлува сообраќајката кај Кичево во која загинаa тројца

obvinitelstvo-palata-p-piruze-majski28

Основното јавно обвинителство – Кичево во вечерните часови вчера заврши со увидот на самото место за случената сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина кај селото Букојчани.

До несреќата дошло околу 19 часот, кога возило „форд ескорт“ удрило во трактор со приколка, без регистарски таблици, натоварен со поголемо количество дрва. Како последица на ударот тројцата патници на патничкото моторно возило, возачот З.З. (1970), како и сопатниците Х.А. (2000) и А.В. (1997) сите од селото Колари ги загубиле своите животи на самото место.

Лицето кое управувало со тракторот и уште едно лице патник, двајцата жители на селото Горно Страгомишта, се здобиле со телесни повреди.

Надлежен јавен обвинител презеде неопходни дејствија во насока на утврдување на причините за случената несреќа. Издадени се наредби за вршење на обдукција на телото на починатиот возач на патничкото возило и земена е крв за натамошна анализа од учесниците во сообраќајната несреќа. Дадени се наредби за технички преглед на возилата и за вршење на сообраќајно-техничко вештачење.