Број на текстови објавени денес: 18

Се запалил автобус со кој жени се враќале од вмровскиот собир во Скопје

uzb

Автобус со жени од Новаци кои се враќале од годишната конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се запалил на Плетвар, дознава СДК.мк.

Според очевидци од други возила кои застанале да помогнат, жените бегале надвор додека возачот и кондуктерот се обидувале да го изгаснат огнот.

Настанот се случил вечерва околу 20 часот кога автобусот сопственост на битолска превозна компанија запрел да качи патници за Битола, на кои претходно им се расипало комбето. Во тој момент во предниот дел од автобусот, во кабината за патници се појавил оган.

Според првичните информации на порталот, нема повредени патнички