Број на текстови објавени денес: 70

Семјуел Л. Џексон добива награда за животно дело во Дубаи

jakson

Актерот Семјуел Л. Џексон ќе им се придружи на Омар Шариф, Оливер Стоун и Мартин Шин како добитник на наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал во Дубаи.

„Огромна чест е да се добие награда за животно дело од страна на фестивалот во Дубаи. Прекрасно е да се биде вклучен во филмската заедница на Емиратите и однапред се радувам што ќе имам можност да запознаам сјајни филмски креатори и да стекнам нови пријатели“, изјавил Семјуел Л. Џексон.

Наградата за животно дело е една од најголемите награди на овој фестивал. Ова признание претходно го добиле Омар Шариф, Тери Гилијам, Шах Рук Кан, Оливер Стоун и Мартин Шин.

13-от Меѓународен филмски фестивал ќе се одржи во Дубаи од 7 декември, а ќе биде отворен со проекција на филмот „Госпоѓица Слоен“ во кој глвна улога има Џесика Чејстен. Затворањето е осум дена подоцна со првиот спин-оф од франшизата „Војна на ѕвездите“. Ќе бидат прикажани вкупно 156 филма.