Број на текстови објавени денес: 65

Северна Кореја спроведува артилериска вежба, замислената цел е Сеул

%d1%81%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d1%98%d0%b0

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, откако Советот за безбедност на Обединетите нации воведе нови санкции против Пјонгјанг, организираше артилериски вежби, во кои меѓу замилените цели беше и Сеул.

– Доколку избие војна, вакви смртоносни напади би биле извршени врз јужнокорејските сили, со цел уште во самиот почеток целосно да се скрши нивната подготвеност на противнапад и целосно да се избришат, изјави Ким, јавија севернокорејски медуми.

– Никој и ништо нема да преживее – рече Ким, додека вчера ги водеше вежбите на пограничната артилериска единица.