Број на текстови објавени денес: 16

СДСМ: Џабе моли Груевски, 63 пратеници ќе има СДСМ и коалицијата со граѓаните

SDSM_sediste(93)(1)

Паниката од заедништвото на граѓаните кои смело се одлучија да му кажат збогум на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ стана драматична, реагира СДСМ на изјавата на Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ бо која побара 63 пратеници за коалицијата на власт.

„Обвинетиот Груевски не може да го покрие криминалното владеење со отворање на меѓуетнички прашања, лаги и манипулации. Сите од власта и нивните соработници кои правеле злодела ќе одговараат. На 11 декември граѓаните ќе донесат 63 пратенички места, но за здружената граѓанска опозиција предводена од СДСМ која ќе стави крај на насилната криминално-корупциска власт и ќе отвори перспектива за граѓаните и за Република Македонија“, стои во реакцијата.