Број на текстови објавени денес: 0

СДСМ: Ќе ја одблокираме препораката, Македонија ќе биде вистинска европска земја

sdsm-14

Интегрално го објавуваме соопштението на СДСМ во врска со извештајот на ЕК за Македонија:

 

„Катастрофалните политики на Никола Груевски и фамилијата ја држат Македонија заглавена во евроинтеграциските процеси веќе осма година по ред. Поради коруптивната и неодговорна власт повторно добивме условена препорака за почеток на преговори со Европската Унија.
Во Извештајот јасно се посочува дека корупцијата е широко распространета и се уште претставува сериозен проблем за земјата, а судството сериозно назадува заради постојано мешање на политиката во неговата работа.
И Европската Комисија ги потврди тврдењата на СДСМ и експертската јавност дека економијата не напредува, јавниот долг продолжува да расте, намалена е конкурентноста на приватниот сектор, младинската невработеност е голема, нема инвестиции во инфраструктурата…
Еден од условите за да се одблокира препораката за почеток на преговорите е спроведувањето на итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе, а оваа власт не покажа ниту волја ниту желба да ги спроведе.
Граѓаните имаат цврста определба и иднината на Република Македонија ја гледаат во Европската Унија и НАТО.
На 11 декември заминуваат промашените и криминални политики на Никола Груевски кои ја одалечија државата од европските интеграции и го загрозија нормалниот живот на граѓаните во земјата. Македонија ќе се врати на вистинскиот пат и ќе биде вистинска европска земја. Македонските граѓани ќе живеат во Европа без да се излеат од Македонија“, се наведува во соопштението.