Број на текстови објавени денес: 60

СДСМ ќе ги објави кандидатите за пратеници денеска на конгрес

timthumb-29

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе го одржи 21. Конгрес. Конгресот ќе се одржи во хотелот„ Александар Палас“ во Скопје, со почеток во 14 часот. Медиумите ќе имаат можност да го проследат првиот дел на Конгресот, додека работниот дел ќе биде затворен. Крајот на Конгресот ќе биде повторно отворен за медиумите.

Вчера во СДСМ течеа интензивни преговори околу тоа кој ќе биде на листите и како ќе биде позициониран.

Според неофицијалните информации, ЛДП и НСДП ќе добијат по две сигурни позиции. Овие партии на предходните избори имаат по тројца пратеници. Партиите на Ердоган Сарач,Лилјана Поповска, Фијат Цановски ќе имаат по едно пратеничко место. На листите најмалку три добитни места се резервирани за Шарената револуција меѓу кои сигурен е Павле Богоевски, а планот неофицијално е во секоја изборна единица да има избран по еден независен интелектуалец.

Сигурни носители на листите се Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, а за другите три позиции можни кандидати се Стево Пендаровски, Рената Дескоска, Љупчо Николовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Горан Сугаревски. За правата изборна единица дилемата била меѓу Пендаровски и Шекеринска.