Број на текстови објавени денес: 46

СДСМ: ТЕЦ „Осломеј“ на голема врата го враќаме во енергетскиот систем!

%d0%be%d1%81%d0%bb%d0%be

СДСМ информира дека има сериозен план како Македонија повторно да биде земја којашто сама ќе ги обезбедува електроенергетските потреби на своите граѓани и стопанството.
Од таму велат дека со планот за животот во Македонија ќе се намалат трошоците за живот, а како тоа ќе се постигне преку пониски сметки за струја претставниците на Комисијата за енергетика на СДСМ разговараа со граѓани на Кичево и вработени во ТЕЦ „Осломеј“. Вработени граѓани во ТЕЦ „Осломеј“ изразиле сериозна загриженост бидејќи не работи со години. Тие се загрижени за своите работни места и потврдуваат дека е потребен план за ТЕЦ Осломеј којшто ќе им ги гарантира работните места и егзистенцијата во наредните децении.
– ТЕЦ „Осломеј“ повторно ќе биде важен столб на енергетскиот систем во Македонија, а тоа ќе го обезбедиме преку модернизација на термоелектраната но и преку отворање на јагленокопот Поповјани со што ќе се обезбеди доволно јаглен за производство на електрична енергија. Ова ќе значи зголемена продуктивност за ТЕЦ „Осломеј“ и нови работни места за граѓаните од овој крај. Ќе примениме и најсовремени еколошки стандарди како – Системи за редукција на емисии со што ќе се намали емисијата на штетни гасови за да обезбедиме чист воздух и здрава животна околина на граѓаните во Кичево – рече претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски.
Андреевски рече дека со планот што СДСМ го има за ТЕЦ Осломеј ќе се врати достоинството на вработените, нема да има отпуштања од работа и ќе има бесплатен оброк и превоз за сите и во ТЕЦ Осломеј тие никогаш повеќе нема да работат гладни и незаштитени без чизми, ракавици, очила и шлемови.
Новата одговорна Влада на СДСМ посветено ќе работи на зголемување на домашното производство на електрична енергија преку покренување на домашните капацитети но и преку користење на сончевата енергија за производство на електрична енергија, порачаа претстатвниците на СДСМ во Кичево.