Број на текстови објавени денес: 46

СДСМ: Со Груевски нема напред, Македонија е со најзагадениот воздух во Европа

so-gruevski-nema-napred_post-3-sreda

Македонија под власта на Никола Груевски стана земја со најзагадениот воздух во Европа. За ова алармираат ЕК и Светска банка во секој извештај, реагира СДСМ.

„Македонија е на првото место на листата на Светска банка, според изложеност на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти честички, а загадувњето со години е над европските стандарди. Како што покажаа истражувањата на Светска банка, цврстите честички се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно, но и за илјадници изгубени работни денови – што претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно или 3,2% од БДП.

Светска банка укажа дека со намалување на ПМ10 и ПМ25 до европските гранични вредности ќе се избегнат повеќе од 800 смртни случаи и многубројни изубени работни денови, со што ќе се реализира заштеда во здравствени трошоци од 151 милиони евра годишно, но власта на Груевски не сакаше да слушне за ова.

Единственото нешто што направи власта е што препорача луѓето да не излегуваат надвор, да не ги отвораат прозорците и поретко да дишат.

Граѓаните знаат дека за вистински промени, за подобро здравје и за живот за сите граѓаните, потребна е нова одговорна влада! На 11 декември заедно да избереме Живот во Македонија“, порачува СДСМ.