Број на текстови објавени денес: 60

СДСМ: Со Груевски нема напред! Македонија со најниска минимална плата во регионот!

gru1

Никола Груевски ги понижи работниците со минимална плата најниска во земјите од регионот. Според „Еуростат“ Македонија се наоѓа зад Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина со само 160 евра минимална плата, потенцираат од СДСМ.

„Никола Груевски се плаши од граѓаните затоа што не ги исполни нивните очекувања и ги понижи со мизерно ниски плати, па сега предизборно ветува зголемување на минималната плата. И повторно ветува помалку од 16-те илјади денари кои ги нуди нашиот План за живот до крајот на мандатот и повторно ги дискриминира работниците од текститилната и кожарската индустрија за кои ветува помалку пари. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ немаат повеќе што да им понудат на граѓаните на Македонија. Имаа 10 години да го подобрат животот на граѓаните и ништо не направија. Единствено што им останува е да го копираат Планот за живот и очајно да се обидуваат да им се приближат на граѓаните“, се наведува во соопштението.

Од партијата велат дека граѓаните знаат и одлучни се дека за вистински промени потребна е нова одговорна влада!