Број на текстови објавени денес: 0

СДСМ Прилеп: Ништо од помпезно најавуваниот современ градски стадион (ВИДЕО)

1-1-1

Ветувањето на власта за изградба на современ градски стадион во Прилеп никогаш не се оствари рече на денешната прескоференција Валентин Божиноски, член на Советот на Општина Прилеп.


Градоначалникот Марјан Ристески во соработка со ФФМ најави целосна реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп со пари од УЕФА.

– Помпезно најавуваа изградба на нова покриена трибина со 5.000 седишта, модерни соблекувални и простории за службени лица, најмодерен терен со дренажен систем по највисоки стандарди на УЕФА, како и рефлектори за ноќно играње. Но, од сето тоа, нема ништо! Откако во јули оваа година го ископаа теренот и се сликаа со обвинетиот Никола Груевски, локалните власти ништо повеќе не направија. Тревата која никна сама по себе, говори за запуштеноста на теренот. Играчите на ФК „Победа“ немаат елементарни услови за тренинг, а сите натпревари на кои се домаќини ги играат на туѓ терен и тоа во Битола. Конечно, после 8 години, Победа е повторно во првата лига, а прилепчани се уште не можат да се израдуваат на прволигашки натпревар во Прилеп – рече Божиноски.

Само за потсетување, додаде тој, советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлогот на СДСМ фудбалерите на ФК „Победа“ да се наградат со 1 милион денари општински пари за влезот во првата лига.

– Фудбалски Прилеп не го заслужува ова! Победа како еден од најреномираните фудбалски клубови во Македонија заслужува модерен и функционален стадион. По 11 Декември, се обврзуваме дека Прилеп повторно ќе стане развиен фудбалски центар како што беше некогаш – порача Божиновски.