Број на текстови објавени денес: 62

СДСМ и ДУИ ги поднесоа кандидатските листи

%d1%81%d0%b4%d1%81%d0%bc-%d0%bb%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8

Коалицијата предводена од СДСМ ги предаде кандидаските листи во ДИК: Останатите партии имаат уште неполни два часа да ги поднесат листите.

Пред предавањето на листите  на коалицијата на СДСМ, Стевица Јосифовски, претседател на правниот сектор на СДСМ изјави дека листата е победничка.

– Tоа e листа на кандидати која што е победничка, усогласена со граѓаните на Република Македонија и која што е одобрена од највисоките партиски тела на Коалицијата – изјави Јосифовски.

Коалицијата на СДСМ во првата изборна единица ја предводи Стево Пендаровски, додека Оливер Спасовски во втората ИЕ. Во третата ИЕ носител е Љупчо Николовски, во четвртата претседателот на СДСМ Зоран Заев, петтата Радмила Шеќеринска, а во шестата Петре Шилегов.

Веднаш по СДСМ, кандидатските листи ги поднесоа и од ДУИ.

Претходно кандидатски листи за претстојните предвремени парламентарни избори поднесоа партиите ПДП, ЛП, Левица и Коалицијата за промени и правда.

Рокот за поднесување на кандидатските листи за изборите на 11 следниот месец истекува на полноќ на 11 ноември.
Кандидатските листи треба да бидат разгледани и потврдени од членовите на ДИК во рок од 48 часа од моментот на доставувањето односно до недела на полноќ. Доколку се констатираат неправилности учесниците во изборите треба да ги отстранат во рок од 48 часа. Жребувањето за редоследот на листите треба да се одржи на 20 ноември.

Според информациите од ДИК, денеска се зголемил и бројот на пријави од страна на државјани на Република Македонија кои живеат во странство за гласање на изборите, па, така од околу 16.000 колку што биле утрово, оваа бројка во 14 часот изнесувала 19.074. Од нив, 16.644 се прифатени, 211 се одбиени, а 2.219 се во обработка.

Најголем број од пријавените се за гласање во Берн, Венеција и Детроит, но од Комисијата предупредуваат дека бројките постојано се менуваат.

Во однос на лицата со спорни записи по последните административни и теренски проверки на Избирачкиот список од над 29.000 се пријавиле 1.326 за регулирање на избирачкото право, 1.301 се прифатени, а 25 во обработка.

До вчера до 19 часот увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК направиле 7.171 граѓанин, а до вечерва на полноќ сите останати ќе имаат можност тоа да го направат преку веб-апликацијата поставена на страната на ДИК ww.sec.mk.