Број на текстови објавени денес: 0

СДСМ испрати телеграма со сочувство по повод смртта на новинарот Влатко Ѓорчев

SDSM_sediste(95)

Лидерот на на СДСМ, Зоран Заев, во негово лично име и во име на СДСМ испрати телеграми со сочувство за загубата на новинарот Влатко Ѓорчев, до неговото семејство и неговите колеги во редакцијата на агенцијата Мета.

„Изразувам искрено и длабоко сочувство за ненадејната смрт на новинарот Влатко Ѓорчев, што го потресе неговото семејство, колегите новинари, но и сите нас.

Загубата на Влатко Ѓорчев е на неговото семејство, но и на новинарската заедница и на општествената јавност во Р.Македонија.

Нема соодветни зборови во овие моменти на ненадоместливата тага и болка за таткото, син, сопруг, новинар, Влатко Ѓорчев.

Утехата ќе ја бараме во она што новинарот Ѓорчев остави зад себе, професионално и аргументирано новинарство, со кое што придонесуваше за развој на толку потребната критичка мисла. Како и сите вредни и посветени луѓе кон доброто на општетството и тој ќе остане да живее вечно преку вредниот придонес кон оваа света цел.

Нека почива во мир.“ пишува во телеграмата со сочуство.