Број на текстови објавени денес: 10

СДСМ денеска во Демир Хисар и во Кичево, утре во Тетово

zaevaerodrom8

Коалицијата на СДСМ денеска ќе одржи митинг во Демир Хисар (17:30) и во Кичево (19:00).

На митинзите ќе се обратат лидерот на СДСМ Зоран Заев и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, како и кандидатите за пратениците од таа изброна единица.

Централниот изборен караван на СДСМ утре ќе го посети Тетово.

„Ве повикуваме на голем митинг кој ќе се одржи на булеварот „Маршал Тито“ на потегот од хотел „Македонија“, па сѐ до кружниот тек кај поранешната „Лименка“, со почеток од 19:00 часот. Ве покануваме да присуствувате, да слушнете за нашиот План за живот кој ќе го презентира лично претседателот на СДСМ, Зоран Заев. На овој голем настан, свое обраќање ќе има и носителот на кандидатската листа за пратеници на СДСМ и коалицијата за Изборната Единица број 6, Петре Шилегов, како и највисоко поставениот кандидат од редовите на ОО на СДСМ Тетово, Татијана Лалчевска. Воедно, ќе бидат промовирани и останатите кандидати за пратеници од оваа листа“, се вели во информацијата од ОО СДСМ од Тетово.