Број на текстови објавени денес: 0

СДСМ: Да се почитуваат правата на новинарите и слободата на говор

SDSM_sediste(95)

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува сериозна загриженост по информациите за отпуштања на новинари и медиумски работници или целосно згаснување на „Утрински весник“.

„Власта на обвинетиот Груевски ги злоупотребува медиумите за свои цели и своја пропаганда, а потоа ги уништува и затвора. Посебно алармантно е што ова се случува на само еден месец пред предвремените парламентарни избори кога улогата на објективните и професионални медиуми е најпотребна за вистинско информирање на граѓаните и носење одлука. Правото на слобода на говор и слободно новинарство е од особено значење за функционална демократија“, соопшти СДСМ.
Партијата бара да се почитуваат правата на новинарите и медиумски работници и да се обезбедат услови за нивна непречена работа.
„Обвинетиот Груевски системски уништувајќи ги медиумските слободи и медиумите во земјава ја стави Македонија во групата на неслободни земји според Фридом Хаус, и на 118-то од вкупно 180 места на листата на Репортери без граници, во друштво на Замбија, Нигерија, Конго, Катар и Авганистан“, велат од СДСМ.