Број на текстови објавени денес: 86

СДСМ: Груевски продолжи преку Фејсбук да ги лаже граѓаните во Полошко

gruevski_sobranie

СДСМ реагира на денешната најава на Никола Груевски, кој се огласи преку Фејсбук, за нова инвестиција во Полошко и истакнува дека немоќно се надминува во своите лаги, соочен со изборниот пораз за 38 дена.

„Кога Груевски пишува фејсбук статуси за полошкиот регион добро би било да напише уште еден статус и да им каже на тетовчани:

– Каде е странската фабрика за производство на композитни материјали за која во 2014 година беше удрен камен темелник и беа најавени 200 вработувања?

-Каде е другата ветена странската компанија во 2015 година, снабдувач на метал, којашто требаше да отвори 100 работни места?

– Каде е третата странска фирма за минобуси, ветена исто во 2015 година којашто требаше да отвори 500 раотни места?

-Каде е четвртата странска фирма за рециклирање гуми, ветена пред 3 години“, се одговори кои ги бара СДСМ од Груевски.

Партијата вели дека поради ваквите лаги на Груевски, Македонија е на дното во регионот и Европа по странски директни инвестиции, 500.000 граѓани живеат во сиромаштија, а 626.312 луѓе ја напуштија државава.

„По 10 години лаги, Груевски нема повеќе што да им најавува на граѓаните На 11 декември доаѓа нова одговорна Влада предоводена од СДСМ којашто ќе ги поддржи домашните фирми да отворат нови работни места и ќе создаде услови за реални странски инвестиции“, велат од опозициската партија.