Број на текстови објавени денес: 0

СДСМ: Груевски и Мијалков извршиле државен удар

sdsm-14

Никола Груевски, Сашо Мијалков и нивните соучесници извршиле државен удар со досега невидено кршење на правата и слободите на граѓаните. Пропаднаа сите лаги на Никола Груевски за странски служби и жолти комбиња. Јавноста сфати зошто Груевски со месеци бега од јавна и транспарентна судска постапка, како што ветуваше, и соочување со граѓаните, за да даде одговор на прашањата кој, како и зошто прислушкувал во Македонија, велат од СДСМ.

„Ете кој го направил пучот. Ете кој прислушкувал над 20 илјади граѓани. Ова е обид за воведување целосна диктатура и поништување на правото на приватност преку следење на граѓаните. Во колкава параноја биле браучедите кои не верувале никому и ги прислушкувале дури и најблиските соработници? Како што слушнаа граѓаните, тие и дополнително им наредувале да преземаат незаконски дејствија за кои ќе треба да одговараат.

Од ова се гледа како Груевски и Мијалков незаконски ги следеле и прислушкувале политичарите, бизнисмените, новинарите, граѓаните, како имале пристап до сите информации, знаеле се за секого во државата, па им било полесно да ги украдат и изборите. За ова Груевски, Мијалков и сите останати мора да одговараат. Правда мора да има“, се вели во партиското соопштение.